Со освоена СЕХА лига и Куп на Унгарија в џеб и со неверојатен биланс од 90% успешност во сезоната ракометарите на Веспрем пристигнаа во Скопје со авионски лет од Будимпешта. По краткиот одмор во хотел „Русија“ Хавиер Сабате ја одржа првата тренинг сесија во СЦ „Јане Сандански“. Сите ракометари учествуваа во последниот тест пред утрешниот голем меч со Вардар. Лесно повредените Илиќ и Родригез од финалето на Купот со ПИК Сегед во Дебрецин нормално тренираа и ќе настапат утре попладне. На последните две гостувања во Скопје Веспрем не мина најдобро, а и во Вараждин македонскиот првак демонстрираше нормален изедначен отпор. Затоа Унгарците не доаѓаат на прошетка во Македонија, туку напротив стравуваат дека во Келн наместо нив може да замине Вардар.














