Ракометарите на Веспрем кои се актуелни вицешампиони се изборија за трето финале, второ последователно во Лигата на шампионите откако во драматично полуфинале, решено по продолженија славеа над домаќинот Кил. Како и претходното полуфинале, така и овој полуфинален дуел го оправда епитетот на завршен Ф4 турнир, понудувајќи вистинска драма и неизвесност. Веќе утре, актуелниот првак на Унгарија и СЕХА лигата во финалето против Киелце ќе се обиде да дојде до првата титула во ЛШ и да стигне до „хет-трик “во сезоната.














































