Одработен е и претпоследниот тренинг и македонските ракометари се соочуваат со најголемиот предизвик на оваа генерација во последните неколку години. Шест гола дистанца против оваа Чешка се и мала и голема негатива, но работите зависат од нашата глава и подготвеност. Колку ги тренираа мускулите, нозете и рацете, момците на Червар ја тренираат и главата в среда во Скопје да излезе на мегдан најдобрата можна Македонија, со верба, трпение и осмиот играч од трибините и да ја видиме Франција како актери следниот јануари, кога ќе се пее мундијалската песна.
































