Ако не беа головите против Црна Гора нашата ефикасност во последната половина година ќе беше катастрофална. Поразени сме и од Бугарија и тоа во меч во кој 60-70 минути игравме рамноправно и подобро, а потоа несватливо паднавме и пак сме поразени по веќе видено сценарио (0-2). Стерилни и бавни бевме во нападот, па аплаузите пред почетокот на мечот се претворија во свирежи, откако главниот судија означи крај на средбата. Шанса за поправен испит ќе имаме на крајот од мај, во два меча чии противници уште не се познати.











































