Повеќе не е ниту вест. МЗТ Скопје повторно загуби меч во кој играта на нерви и психолошкиот момент беа одлучувачки. Одново екипата која квалитативно е посилна во ништо не го надигра нашиот првак, а ликува по натпреварот. Будуќност си го завери првото место во регуларниот дел од сезоната во АБА лигата (68-71), а на металците им ги остави проблемите и дилемата: Ќе се надмине ли некогаш оваа тешка бариера против фаворитите?