Екипите на Пелистер и Вардар го отворија 25. коло од Првата македонска фудбалска лига, а победата на крајот замина кај гостите од Скопје, кои славеа со 1-3 (1-1). Клучен фактор беше внесувањето на Мато во вториот дел, бидејќи фудбалерот од Уганда, по две асистенции на Тодоровски, го одлучи победникот. Ова е втора победа на Вардар во дерби дуелите со Пелистер сезонава, прва на теренот на противникот по долгогодишен пост или седми меч по ред без пораз.



















































