Одбојкарската селекција на Македонија предводена од неверојатниот селектор Жарко Ристоски и капитенот Никола Ѓорѓиев со неговите колеги на теренот продолжува со одлични резултати. И во петтиот меч од Европската лига дојдовме до петта победа, за првпат против Данска со убедливи 3-0. Местото на Ф4 турнирот во Варна е загарантирано, а против домаќините на овој турнир утре не очекува битка за првото место и нормално полесен противник во полуфинале. Едно е јасно, Македонија во третиот настап во Европската лига, годинава на Црното море заминува со една мисла и желба, а тоа е златото на градите.
















