Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар успеа! И покрај сите проблеми, беспарица и хендикепи со кои се соочуваше низ целата сезона, тимот успеа да го победи Скопје во баражот (3-0) и се врати во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). „Црвено-црните“ го одиграа најдобриот натпревар во сезоната против градскиот ривал од Автокоманда и така дојдоа до посакуваната цел. Вардар по две години во ВМФЛ се враќа во елитното друштво, а допрва следи вистинскиот предизвик за екипата, за стабилизирање на колективот, ангажирање добри играчи и конструкција на стабилно раководство.