Стотици навивачи на Вардар се забавуваат во фан-зоната пред СЦ „Јане Сандански“ и ја подгреваат атмосферата пред четвртфиналниот меч од Лигата на шампионите против Веспрем. Повторно идејата за фан-зона беше полн погодок, па навивачка песна се слуша уште на стотици метри до доближување до салата. Со исклучок на 200 навивачи кои дојдоа од Унгарија, сите останати сплотени ќе бидат осми играч на Вардар. Потребна е победа и предност пред реваншот следната сабота на 30 април во „Веспрем арена“.












