Од минатата година и машката и женската екипа на Вардар организира фан-зона со активности за навивачите пред и за време на натпреварите од витално значење за двете екипи во „црвено-црното“ семејство. Стотици љубители на ракометот во клупските обележја дојдоа многу пред почетокот на мечот од осминафиналето со Висла Плок и беа дел од забавните игри кои му претходеа на мечот. Се пиеше пиво, се купуваа навивачки шалови и реквизити и попладнето во Скопје навестува славеничка вечер. Сега ред е на ракометарите да го одработат своето против вицешампионот на Полска.















