Победа си е победа, посебно во Лигата на шампионите и како прв натпревар во годината. Вардарки „стапнаа на десна нога“ во 2016 година и со тоа најавија дека можеби оваа година е година на исчекор во Европа. Победата од 22-21 (11-11) против ЦСМ Букурешт радува, но и опоменува. Само на моменти Вардар беше оној тим кој сакаме да го гледаме, а и гледалиштето како да им врти грб на ракометарките, бидејќи СЦ „Јане Сандански“ е пречесто празен. По добриот старт, наредна цел сега е добро продолжување на ракометната европска пролет.
Ракометарките на Вардар слават нова европска победа