Последната активност за ЖРК Вардар во 2015 година е успешно положена. Вардар ја совлада Крајова, потврди дека многубројните звезди кои играа на светското првенство во Данска, се вратија здрави и мотивирани за втората фаза на Лигата на шампионите, која продолжува за десетина дена. Победата од 37-26 против шестопласираната екипа во романскиот шампионат потврдува дека овој Вардар може да победува и на рутина, а кога неспорниот квалитет ќе излезе на површина, тогаш нема да им биде лесно на противниците. А првиот е ЦСМ Букурешт веќе веднаш по Божик. Дали е ова сигнал дека Вардар зема залет за плодна и успешна 2016 година.



















Ракометарките на Вардар и Крајова на пријателски меч во Скопје


Дуел на ракометарките на Вардар против Крајова








