Македонија остана со еден претставник во женскиот европски ракомет, затоа што ЖРК Вардар на домашен терен убедливо славеше над косовска Приштина (32-27) и патува во следната рунда во Европскиот куп на ЕХФ. Избраничките на Драгана Ристова одиграа перфектен натпревар и вторпат во една седмица беа подобри од ривалот од Косово. Домашната победа е далеку посигурна од онаа во Приштина, па така, ЖРК Вардар останува сам на овој фронт, по елиминациите на останатите македонски претставници.