Ракометарките на Вардар им приредија големо изненадување на учениците во ОУ „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче во Скопје. Пред мечот со Ларвик в сабота тие ги посетија најмладите, им поделија бесплатни билети, шалови, капчиња и ги поканија да им дадат подршка на клучниот натпревар. Учениците беа пресреќни, посебно што не ја очекуваа посетата, па дури и задоцнија на часови да се фотографираат со ѕвездите на Вардар. Нашиот шампион во Ларвик од Данска гледа последна пречка пред третиот завршен турнир на Лигата на шампионите во Будимпешта.





















