Победата против Шкендија скоро сигурно значи и титула за фудбалерите на Вардар. Совладан е големиот противним во меч без многу убавина и трите бода се повеќе од обична победа за екипата на Гоце Седлоски. Затоа славјето по победата беше големо и радоста „црвено-црните“ ја споделија со своите навивачи „Комити“, а некои од фудбалерите и ги подарија дресовите. Вардар е блиску до 10. трофеј во македонскиот фудбал и со реванш за елиминацијата од Купот ја испрати Шкендија со празни раце од Скопје и по ова гостување.














