Поразот од Силекс е заборавен и фудбалерите на Вардар имаат нова мисија. В недела на Националната арена „Филип втори“ гостува најуспешната пролетна екипа Шкендија. Како дел од социјалните акции на клубот дел од вардаровите фудбалери утрово го посетија СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ во Кисела Вода и се забавуваа со средношколците. Учениците ги пречекаа „црвено-црните“ со транспаренти како да доаѓаат на фудбалски стадион. Потоа следеше меч меѓу фудбалерите на Вардар и дел од младинците на Вардар кои учат во ова средно училиште, за да на крајот фудбалерите на шампионот на Македонија делат подароци, капи и маици со клупските обележја. Најмногу овации имаше за дриблинзите на Бразилецот Хуан Фелипе, а девојките „полудеа“ по Глишиќ со кого најмногу се фотографираа. Фудбалерите на Вардар иста практика ќе направат и во уште две училишта до крајот на неделата.






























