Вардаровите ракометари пристигнаa во СЦ „Јане Сандански“, а пред салата се загрева атмосферата. Ракометарите и стручниот штаб на Вардар пред неколку моменти влегоа во СЦ „Јане Сандански“ вo пресрет на реванш дуелот од осминафиналето во ЛШ против Висла Плок. Во ист момент полека но сигурно надвор од салата и околу неа се загрева атмосферата од страна на навивачите. На платото пред арената има штандови со храна и пијалоци, а исто така спонзорите на Вардар имаат организирани наградни игри со подароци. На нешто повеќе од еден час пред мечот позитивната атмосфера и еуфоријата веќе е очигледна, а се надеваме дека кулминацијата ќе биде по мечот и славјето за пласманот во четвртфинале.











