Ракометарите на Вардар в сабота играат клучен меч за пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите против Висла. Ракометарките следната недела ќе играат против Ларвик во четвртфиналето на женското елитно натпреварување. Како подготовка и билдање на хемијата во тимот и со навивачите денес ракометарите и ракометарките се дружеа со фановите, им помагаа да освојат награди и потпишуваа автограми. Европската пролет вардаровите тимови ќе ја дочекаат сплотени со навивачите со надеж за нови големи победи.




























