Актуелниот ракометен првак на Македонија, екипата на Вардар 1961, продолжи да победува на домашната сцена и ги освои бодовите кај ГРК Тиквеш (35-27) во меч кој се одигра во рамки на четвртото место во Суперлигата. Во меч во кој водеше од почетокот до крајот, екипата на Иван Чупиќ ја оствари мисијата и со песна си замина од салата „Јасмин“ во Кавадарци. Токму тоа и беше планот, за да се има добра увертира за дерби-средбата против ГРК Охрид која се игра во следното суперлигашко коло.































