Мечот со Монпелје попладнево во Скопје беше сериозен тест за Вардар како ќе игра во осминафиналето. Затоа Раул бараше сериозен пристап и максимум. „Црвено-црните“ и без Штербик покажаа моменти на сила и квалитет, но и на деконцентрација. Победата од 34-26 против францускиот Монпелје, дури е и повеќе од добра како се одвиваше мечот. „Црвено-црните“ го положија тестот и сега го чекаат осминафиналниот противник.