По третпат оваа пролет Вардар ја совлада Брегалница во Скопје, иако не покажа дека во целост го заборавил ремито и емоциите од мечот со Шкендија. Триумфот од 2-1 против подмладената Брегалница покажа дека екипата на Седлоски има проблеми, но во оваа фаза на сезоната најважен е резултатот, а Вардар ја прекина серијата од два меча без победа (пораз од Силекс и реми со Шкендија). Сите на стадионот во Скопје беа во исчекување на добри вести од Тетово, а кога веќе тие не дојдоа, Вардар ќе мора сам да си ја заврши работата в недела попладне.
































