Ракометарите на Вардар трета сезона по ред се шампиони на Македонија, и тоа на убедлив начин без ниту еден загубен бод. Избраниците на Раул Гонзалез по обврските во Лигата на шампионите и СЕХА лигата само рутински ја одработија „домашната задача“ за да на крај стигнат до десеттата титула, како и нивните колеги од фудбалскиот клуб. „Црвено-црните“ го потврдија својот квалитет и покажаа дека во рамки на нашата држава се без конкуренција. Според моменталната ситуација во блиска иднина не би требало да има драстични промени на овој план и се очекува доминацијата на Вардар да продолжи.























