Македонскиот првак Вардар доживеа пораз во првиот меч од Конференциската лига. По елиминацијата од КуПС во ЛШ, следеше меч против Рига, кој летонскиот првак го доби со 2-3 во Скопје и дома ќе игра за следна рунда. Мечот на Арената „Тодор Проески“ се играше пред 2.000 гледачи, но имаше посебна симболика, затоа што Вардар на овој ден го прослави 79. роденден. Реваншот помеѓу Рига и Вардар во Летонија се игра во вторник.



















































