Одбојкарскиот тим на Вардар убедливо загуби во домашниот дуел од третото коло во македонската Прва лига, откако Универзитет Тетово не им остави простор и со 0-3 ги освои бодовите. Средбата во СЦ „Кале“ мина целосно во знакот на гостите, кои прикажаа сила и со 25-19, 25-22 и 25-21 не му дозволија на „црвено-црниот“ состав да освои ниту еден сет. Со овој триумф, Универзитет се израмни со Џио Струмица и Шкендија на врвот со по три победи во исто толку кола.