Ракометарите на Вардар 1961 славеа на домашниот дуел против Еурофарм Пелистер 2 со 34-23, со што скокнаа една од трите пречки кон одбраната на титулата во Суперлигата. Избраниците на Давид Дејвис не дозволија никакво изненадување, го надиграа младиот тим на Александар Јовиќ и рутинирано прокнижија нови бодови кои ги вратија на врвот.