Девојките на Симе Симевски завршија половина од работата. Втората најдобра македонска екипа во женски ракомет во хоризонтот го гледа полуфиналето на Челинџ Купот. Никогаш не е лесно да се совлада тим од Украина, па така и вечерва Вардар Јуниор покажа дека се може и со македонски производ далеку во Европа. Победата од 22-19 со Нолевска како главен актер, оставаат и повеќе од надеж за возвратниот натпревар.





































