Европскиот ракометен гигант Вардар продолжува да игра перфектно во женската ракометна Лига на шампиони. Со победа над Турингер во групната фаза, вардарки завршија со шест победи на шест меча и се најсериозни кандидати за европската круна која лани избега „за влакно“. Досега, Вардар по двапати ги победи ФТЦ, Турингер и Ларвик, а како најсериозен кандидат за првото место во ЛШ се смета унгарски Ѓер. Вардар го победи секого оваа сезона без пардон, па така, има ли хероини што може да ја сопрат оваа „црвено-црна“ машина која силно ја посакува титулата оваа година?