Ако по утрото, денот се познава овој Вардар е друга категорија за сите македонски екипи. Совладана е Ренова со 4-1, со фудбал кој плени и задоволува, со голови кои ги враќаат гледачите на трибините. Ќеран делува како полн погодок. Сите напаѓачи се запишаа меѓу стрелците, а Фелипе е мозокот на колективот на Седлоски. Рано е за судови, но овој Вардар делува многу подоминантно од минатогодишниот.





































