Во пријатен амбиент во спортската сала „Софија Петровска“ во Пробиштип, Работнички Жени дојде и си „поигра“ со тимот на Јанта Волеј (3-0). Предводени од Марија Трајковска бранителките на титулата за нешто повеќе од еден час си ја завршија својата „домашна задача“ и израдуваа дел од одбојкарските фанови во Пробиштип, кои се подготвуваа за машкото финале помеѓу Пробиштип и Шутова.































