15 минути порано од предвидениот термин, македонските ракометари пристигнаа во малата арена во Краков, за да го одржат денешниот тренинг, витален пред мечот со Хрватска. Сите наши момци се полни со ведрина, никој не говори за умор, притисок нема и задоволство е во таква клима да се подготвува натпревар. Мотив плус е и ланскиот пораз во Доха, а и најавите од Хрватска дека сме физички „празни“ и неподготвени. Доказот дека не е така сите го ветија утревечер во „Краков арена“.
Кирил Лазаров пред мечот со Хрватска