Лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и нов шампион, екипата на Вардар, со стил ја заврши сезоната, со победа во дербито со Шкендија (3-0). Овој меч на Арената „Тодор Проески“ беше само за престиж, затоа што и двата тима веќе ги имаат осигурано своите позиции, вардарци се шампиони и ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите, додека Шкендија како вицепрвак е во првата рунда на Конференциската лига на УЕФА. Вардар за првпат е на тронот по 2020 година, а ја освои својата дванаесетта титула во историјата.



















































