Македонската одбојкарска селекција под палката на селекторот Жарко Ристоски вечерва во салата „Градски парк“ го одработи првиот тренинг од втората фаза од подготовките за настап во Европската лига. Во следниот период ќе се „бруси“ формата на селекцијата преку воигрување на техничко-тактички план, откако изминатата седмица во Маврово беше ставен акцент на физичката подготвеност. Атмосферата и ведриот дух помеѓу репрезентативците на теренот беше видлива, како и желбата за нов успех по ланското сребро.





















