Екипата на Струга Трим Лум си ја заврши задачата, успеа да победи со 2-0 (1-0) на гостувањето кај Пелистер во Битола и остана во трка со најдобрите Вардар и Шкендија на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Стружани имаат 53 бода, пред нив се Вардар и Шкендија со по 58 бода, што најавува и тоа како жесток финиш на сезоната и третиот круг во мак-фудбалот.















































