Ракометарите на Тиквеш 2014 ја забележаа осмата победа во Суперлигата откако славеа пред своите гледачи со конечни 32-36 над екипата на Радовиш во натпреварот од седумнаесеттото коло. Ова беше прв официјален меч за двете екипи во новата година, а Тиквеш зад себе ги остави двете кола без победа на крајот на претходната календарска година.