Ракометарите на Тиквеш 2014 запишаа голема победа и покажаа дека имаат сериозни амбиции во плеј-офот на Суперлигата, откако во „Јасмин“ падна Вардар 1961 (22-20). Кавадарчани на својот жежок терен ќе бидат закана за сите фаворити за трофејот оваа сезона, а прв тоа го почувствува Вардар кој со многу проблеми загуби во Кавадарци. Вторпат во низа тимот на Владо Недановски не успеа да се радува на ова гостување, откако ремизира и на крајот на минатата сезона. Ракометарите на Стојановиќ победата над најтрофејниот ривал ја прославија на трибината со најверните „Лозари“.