Екипата на Еурофарм Пелистер прокнижи нови бодови во Суперлигата по поразот во вечното дерби и дојде до победа над ГРК Тиквеш на домашен терен (29-25), а сега чека кикс на големиот ривал Вардар 1961 во градското дерби со Алкалоид. До победата избраниците на Раул Алонсо не дојдоа по лесен пат. Тиквеш имаше егал-резултат скоро цела средба и екипата на Грчевски скапо ја продаде кожата во Битола. Одлучи подолгиот и поквалитетен ростер на пелистерци кој исплива на површина во последниот дуел од дуелот кога се градеше разликата.

































