Фудбалерите на Тиквеш докажаа дека добрите резултати на стартот на сезоната против релативно кажано послабите ривали не биле случајност. Тимот предводен од Оливер Богатинов ремизира со Вардар (1-1) во натпреварот од петтото коло на ПМФЛ. Тука ништо немаше да биде големо изненадување, ако кавадарчани не играа со човек помалку од 25. минута. Откако неколку минути претходно поведоа со голот на Ибрахима Фал, следуваше исклучување на Тохиб Лавал. Тоа вардарци го искористија само за израмнување преку Азер Омерагиќ во финишот на првиот дел, но потоа одигра бледо. Тиквеш со човек помалку беше подобар и поблизу до победата, покажувајќи карактер во дуелот со шампионот.


















































