Фудбалерите на Тиквеш се радуваа во натпреварот од првото коло на ПМФЛ против Македонија Ѓорче Петров со 1-0. Средбата на „Градскиот стадион“ во Кавадарци беше една од најпостените на стартот на првенството, па така избраниците на Ѓорѓи Мојсов победија за душа на своите навивачи. Човек на одлука против бледите „лавови“ беше Иван Ивановски кој во финишот на првиот дел го постави конечниот резултат.