Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер со убедлива победа кај Тиквеш (43-24) ги отвори настапите во плеј-офот во машката ракометна Суперлига. „Зелените“ важеа за фаворити и целосно ја оправдаа улогата на дуелот во салата „Јасмин“ во Кавадарци. Тиквеш беше резултатски близу само десет минути, а потоа гостинот додаде „гас“. Во следното коло Еурофарм Пелистер го очекува дерби-дуел против Вардар 1961 во Битола, додека Тиквеш ќе бара бодови повторно на домашен терен, со Бутел Скопје. Суперлигашите ги чека кратка пауза од лигашките натпревари, затоа што следат дуелите во Купот на Македонија.



















































