Кавадарчани тргнаа според планот во плеј-офот на Суперлигата. Тиквеш убедливо го совлада составот на Струга со 32-25, иако во првото полувреме гостинот во салата „Јасмин“ парираше и се обидуваше да се држи. Не им помогнаа ниту десетте погодоци на Мерис Бошњак, бидејќи стружани капитулираа пред поквалитетниот противник.