Екипите на Тиквеш и Арсими 1973 одиграа возбудлив натпревар во Кавадарци, кој заврши со поделба на бодовите 1-1 (1-1) во рамки од 30. коло на Првата македонска фудбалска лига. Домашниот состав се избори за херојски бод, затоа што играше со десетмина уште од деветнаесеттата минута. Двата гола беа постигнати во првото полувреме – Рамадани погоди за 1-0, додека конечните 1-1 ги постави Гони.






























































