Екипата на Тиквеш извојува важен и убедлив триумф над Шкупи (0-6) во 17. коло на ПМФЛ. Кавадарчани немаа милост кон младинците на скопскиот тим и ја наполнија мрежата со три гола на Берат Садик, и по еден на Стојковски, Тасев и Голубов. Со оваа победа Тиквеш скокна над опасната зона со 21 бод, а чаирчани се последнопласирани со само еден.















































