Битолски Пелистер славеше уште еден убедлив триумф во Првата кошаркарска лига на Македонија, откако во Битола со 87-70 го совлада тимот на ТФТ Mozzart во седмото коло од новата сезона. Скопскиот тим беше само лесен тренинг на пелистерци пред новите АБА2 предизвици и дуелите со Војводина и повторно со ТФТ. Најефикасен кај победничкиот тим беше Лука Стојановски со 15 поени, а Планиниќ придонесе со 14 поени. Кај поразениот тим на ТФТ најрасположен за игра беше Зафиров, кој постигна 14 поени.