Требаше да биде дерби, но мечот Тетекс – Еуромилк од 19. коло на ВМФЛ не ги оправда очекувањата, па заврши 0-0. И промената на теренот, од Велес во Скопје, не им помогна на „штофарите“ кои имаат само два бода од можните девет на домашен терен оваа пролет. За разлика од нив Еуромилк игра подобро во гости и против сите поквалитетни ривали далеку од својот стадион не загуби. Вистинска збрка на врвот на табелата, каде скоро цела екипа се бори за промоција, но и за опстанок.






























