Екипата на Гостивар прокоцка нова победа во ПМФЛ, откако на натпреварот во Кавадарци против Тиквеш имаше водство од еден гол и двајца играчи повеќе во поле, но не го сочува и домаќинот со голот на Иван Ивановски во 92. минута стигна до огромен бод (2-2). Мечот го одбележа спорна арбитража, а се играше со голема тензија. Овој бод е како победа за домаќинот, поради фактот дека играше со два црвени картони.