Непредвидливоста на мечевите во ракометниот шампионат на Македонија, за разлика од претходните, може најдобро да се забележи во меѓусебните дуели на Вардар Јуниор и Тинекс Пролет. Момците на Пепи Манасков победија во гости во ноември, а денес загубија на домашен терен (23-26). Во мечот во кој „прва виолина“ беше Андоновски со 12 гола, поискусниот Илија Темелковски го надмудри Пепи Манасков и Тинекс Пролет се искачи некое место погоре израмнувајќи се по бројот на бодовите со младите вардарци.