Плеј-оф возбудувањата во „Автокоманда“ беа отворени во знакот на репрезентативецот Филип Талески. Младиот бек на Металург одигра симултанка и постигна 10 гола во победата над Охрид. Репрезентативен бран на Металург уште во првиот дел покажа дека Охрид нема што да бара во Скопје, а потоа следеше рутинско администрирање на водството. Ова е добра најава за следното дерби на Металург против Вардар, во кој младиот тим на Червар ќе го има најсилниот можен испит во домашниот шампионат.





























