Вториот контролен меч кој денес го играа селекциите до 15 години на Македонија и Турција заврши со победа од 0-3 на гостите. Во оваа младинска категорија дијаметрално спротивни резултати какви што ние доживеавме во овие три дена се можни. Момците на Беари загубија со 3-0 само два дена откако истиот противник го совладаа со 2-1. Сепак овој пат беа извршени многу промени во стартниот тим, кои имаа големо влијание за победникот и финалниот резултат. Сепак најважен е континуитетот од ваков тип на натпревари, како младите момци уште подобро би се вклопиле во колективот.