Екипата на ТФТ Мozzart забележа важна победа на домашната сцена и со „брејк“ кај Еуро Никел (69-73) скокна на третото место на табелата во Првата македонска кошаркарска лига по вкупно 15 одиграни кола. Екипата на Боро Смилковски во салата „Јасмин“ доста се мачеше да го скрши домаќинот, а тоа го направи во самиот финиш. Во еден од повозбудливите натпревари на колото во кој немаше изразит фаворит и разликата меѓу двата тима константно беше три до четири поени, ТФТ дојде до победа.