Екипата на ТФТ дојде до победа над уште еден фаворит, на домашен терен славеше над Гостивар (81-73) и се врати на делба на втората позиција на табелата во Првата македонска кошаркарска лига. Дуелот на двата тима беше крајно изедначен, а за тоа говорат резултатите во воведните три периоди кои беа крајно блиски кога се говори за резултатот. ТФТ ја грабна посакуваната победа во последната четвртина, кога тимот беше ефикасен, но и психички посилен од противникот на паркетот. За тимот на Смилковски ова беше четврта победа во деби-сезоната во мак-баскетот.